во ,

Телото на кралот на комедијата било украдено од гроб, крадците од вдовицата барале огромен откуп – а, добиле урнебесен одговор…

Актерот Чарли Чаплин починал на католички Божиќ во 1977-та година на 88-годишна возраст. Таа вест растажила милиони негови фанови ширум светот, но не толку многу колку настанот кој што следел потоа.

Три месеци по погребот некој го украл телото од славниот комичар од неговата гробница во швајцарското село.

Чарли Чаплин е еден од најпрепознатливите луѓе во историјата на филмот. Американскиот филмски институт го стави на 10-то место на листата на 100-те најголеми актери на 20 век. Покрај тоа овој уметник беше и режисер, сценарист и еден од најголемите комичари на сите времиња.

Реклама

Секако најпознат беше по ликот на симпатичниот и добар скитник Чарли кој што и денеска го сакаат и препознаваат милиони луѓе ширум светот. Сепак, малку е познато дека последното „филмско сценарио“ се случило по неговата смрт.

Филмска кражба

Чарли Чаплин починал на Божиќ 1977 година, а на 1-ви март 1978 година неговото тело било украдено од гробницата во швајцарското село. Полицијата започнала истрага, а сето тоа се одвивало и под будното око на јавноста.

На крајот се дознало дека телото го украле Роман Вардас и Ганч Ганев, полски и бугарски автомеханичари и се обиделе да изнудат пари од вдовицата на Чаплин.

Нејзе ѝ стигнало барање за откуп од 600.000 долари, но крадците сигурно не ја очекувале нејзината реакција.

Имено, кога таа слушнала колку бараат, Уна рекла дека нејзиниот сопруг би помислил дека нивното барање е смешно.

Сепак, крадците не се откажувале, па по иницијалниот шок се заканувале дека ќе ги киднапираат и нивните две најмлади деца. Полицијата го снимила телефонскиот повик, но прво никако не можела да ги фати крадците.

Крај на потрагата

Истрагата траела пет седмици и конечно имало резултати. Во големата полициска акција полицијата успеала да ги уапси двајцата крадци и да го пронајде ковчегот со телото на актерот кои што злосторниците го закопале во поле на околу еден километар од семејната куќа на Чаплин.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вака од воздух изгледа огромниот кратер кој се отворил на паркингот на болницата во Неапол

Истражување: До 2040-та година ќе „потонат“ околу 12 милиони квадратни километри од тлото