
Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е меѓу жртвите во пожарот во Кочани. Пожарот избувна утрово пред 3 часот.
Според информациите на A1ON, тој имал тешки изгореници. Се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот. Тогаш го загубил животот.
Супер Попуст -25%
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
И младиот музичар, тапанарот Ѓорѓи Горгиев од Струмица, го загуби животот во трагичниот пожар во Кочани. Сè уште се трага по Сара Пројковска. Таа е вонреден професор и пратечки вокал во ДНК.
Андреј Ѓорѓиески гордо го најави настапот на ДНК во Кочани вчера на својот Инстаграм профил.


