во ,

Трагедија пред очите на капачите: Авион се урна во морето кај Копакабана

Ужас на Копакабана: Рекламен авион се урна во морето, пилотот загина

Трагедија го потресе Рио де Жанеиро откако ултралесен рекламен авион се урна во водите на Атлантскиот Океан, веднаш до преполната плажа Копакабана. Несреќата се случила околу 12:30 часот, а пилотот за жал го загубил животот. Спасувачките екипи со чамци, нуркачи и сонари веднаш го пребараа теренот, а телото е пренесено на обдукција.

Камерите го снимија кобниот пад на „Цесната“

Супер Попуст -25%

Вознемирувачки снимки од безбедносните камери го прикажуваат моментот кога леталото, идентификувано како „Цесна 170 А“ , нагло понира и со предниот дел се забива во морето. Бразилското воено воздухопловство отвори итна истрага за да утврди зошто авионот, кој бил ангажиран за воздушно рекламирање над туристичката зона, ја изгубил контролата.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Плишани мечиња со „мозок“: Кинеските AI играчки стануваат новиот глобален хит

Феномен „сиромашни вработени“: Одат на работа, а немаат доволно за живот