во ,

Традиција наспроти технологија: 38,2% се греат на дрва, а 24,6% исклучиво на струја!

Огревното дрво сè уште доминира, но инвертерите и соларните панели забрзано го освојуваат македонскиот пазар!

Речиси четири од десет македонски домаќинства и понатаму го користат дрвото како примарен извор за греење. И покрај трендот на модернизација, традиционалното огревно дрво цврсто го задржува првото место. Сепак, најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) од 2024 година покажуваат значителен пораст во користењето на електричната енергија, особено преку инвертер клима-уредите. Државните субвенции очигледно вродија со плод, па така дури 277.115 домаќинства успешно се греат на инвертери.

Како се греат македонските граѓани?

Супер Попуст -25%

Според Анкетата за потрошувачка на енергија, структурата на користени енергенти во домаќинствата покажува интересни разлики меѓу регионите. Додека струјата доминира во Скопје, дрвото е најзастапено во Пелагонискиот и Југозападниот Регион.

Извор на енергија за греење Удел во домаќинствата
Дрво и дрвени отпадоци 38,2%
Електрична енергија 24,6%
Комбинација од повеќе енергенти 18,6%
Топлинска енергија (парно) 10,8%
Пелети 7,5%
Нафта за ложење 0,3%

Освен инвертерите, значаен раст бележат и обновливите извори на енергија. Податоците откриваат дека 91.545 домаќинства веќе имаат инсталирано соларни колектори со вкупна површина од над 227.000 метри квадратни.

Се загрева само половина од домот, секој десетти граѓанин тешко ги плаќа сметките

Просечното македонско живеалиште располага со околу 92 квадратни метри, но граѓаните загреваат само 54,4 отсто од просторот (околу 50 квадрати). Просечното семејство брои 3,04 члена, што го потврдува повеќегодишниот тренд на намалување на домаќинствата. Кога станува збор за финансиската стабилност, 10,6 отсто од анкетираните секогаш имаат потешкотии да ги платат сметките за енергија, додека 40 отсто изјавиле дека никогаш не се соочуваат со ваков проблем. Дополнително, се забележува промена во домашните навики: расте употребата на машини за садови и сушари за алишта, а рапидно опаѓа интересот за класичните уреди за длабоко замрзнување.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бил Гејтс открива: Кои професии нема лесно да бидат заменети од технологијата?

Европски ценовник: Погледнете колку чини истата потрошувачка кошничка во Германија, Хрватска и Србија!