
Нови детали за наводните кинески врски
Како што пренесува „Форбс“, објавата на Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“ се појави кратко откако „Њујорк тајмс“ објави дека Алис Хуанг – поранешна извршна директорка во компанијата „Megaspeed“ и наводна партнерка на поранешниот шеф на „Nvidia“ – била во контакт со агент од кинеското Министерство за државна безбедност во периодот помеѓу пролетта 2025 и есента 2026 година. Весникот додава дека и нејзиниот деловен партнер и сопруг, Канг Веи, можеби соработувал со истата кинеска агенција.
Според извештајот, Трамп бил известен за овие сомнежи, но го минимизирал нивното значење и одбил да интервенира. Претставници од администрацијата на Трамп изјавиле дека не дошле до заклучок оти Алис Хуанг шпионирала за Кина, додека директорот на националното разузнавање, Џеј Клејтон, во неделата повтори дека истрагите против неа и нејзината компанија сè уште траат.
Јавна поддршка од Трамп за „брилијантниот“ Хуанг
Во својата објава, Трамп напиша дека се надева оти раководството на „Nvidia“ повторно ќе го ангажира Џенсен Хуанг, оценувајќи дека тоа би бил најдобриот потег за „компанијата, но и за САД“. Ова е првпат тој директно и јавно да апелира до технолошкиот гигант за враќање на сменетиот директор, откако претходно во подкастот на Стивен А. Смит го нарече „извонреден талент“ и порача дека Америка мора да ги заштити своите брилијантни луѓе.
Хуанг подготвен да се врати, но „Nvidia“ веќе бара трајна замена
Минатата недела, Џенсен Хуанг на платформата „Икс“ изјави дека би му било „чест“ повторно да ја предводи „Nvidia“, наведувајќи дека добил огромен број повици од вработени, инвеститори, деловни партнери и клиенти. Сепак, одборот на директори не попушта – за време на минатонеделниот состанок за финансиските резултати, извршниот директор Харви Џонс потсети дека оставката на Хуанг била едногласно прифатена и соопшти дека е ангажирана агенцијата „Heidrick & Struggles“ за пронаоѓање трајна замена.
„Се надевам дека раководството на ‘Nvidia’ повторно ќе го ангажира Џенсен Хуанг. Мислам дека компанијата, доколку е паметна, би го прифатила извинувањето на тој брилијантен човек и би му дозволила да се врати на работа“, порача американскиот претседател Доналд Трамп.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден







