
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува во сценарио според кое Израел повторно би влегол во отворена војна со Иран. Во краткиот, но интензивен разговор со дописникот на медиумот „Скај њуз“ (Sky News), Џејмс Метјуз, Трамп истакна дека и покрај неодамнешните воени инциденти, ситуацијата се движи во добра насока.
Едно прашање на Метјуз и дециден одговор од Белата куќа
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден
Новинарот Метјуз успеа да му постави само едно директно прашање на американскиот претседател: „Дали ќе застанете покрај Нетанјаху ако повторно војува со Иран?“
„Не мислам дека тоа ќе се случи. Сè оди многу добро. Иран го прави она што мора да го направи; не мислам дека тоа ќе се случи, во ред?“, одговори Трамп.
Трамп претходно и официјално го советуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не презема чекори за одмазда по последните ирански напади. Дописникот Метјуз додаде дека се обидел да извлече дополнителен одговор за тоа како би реагирал Вашингтон доколку Нетанјаху реши да дејствува спротивно на американските желби, но претседателот Трамп нагло го прекинал разговорот.
Револт во Либан и кршење на априлското примирје
Најновиот бран на тензии на Блискиот Исток започна откако милитантната група Хезболах лансираше серија напади врз северен Израел. И покрај директните предупредувања кои пристигнаа од САД, Тел Авив одговори со силен воздушен напад врз Бејрут. Главна цел на оваа израелска офанзива беше јужното предградие на либанската престолнина, Дахија, кое важи за главно воено упориште на Хезболах.
Како директен одговор на овој напад, Иран експресно ги исполни своите закани и изврши ракетни удари кон Израел. Овој развој на настаните доведе до првата директна размена на оган меѓу Израел и Иран откако во април годинава беше договорено привремено примирје, ставајќи ја на тест целата меѓународна дипломатија.


