
Фалсификување докази и притисок врз сведоци
Апсењето на првите луѓе на српската криминалистичка полиција е тесно поврзано со истрагата за убиството на Александар Нешовиќ, кое се случи во ресторан во Белград на 12 мај. Токму Кричак ја предводеше полициската акција по ова убиство, за кое првично беше уапсен тогашниот началник на белградската полиција, Веселин Милиќ, заедно со уште 10 лица.
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Според сознанијата објавени од „Радар“, Кричак сега се соочува со сериозни сомнежи дека лично учествувал во фалсификување докази во овој случај. Тој се товари и за вршење директен притисок врз сведоците и обвинетите за тие да ги приспособат своите искази и фактите на веќе формираната полициска конструкција на настаните.
Кривични пријави и контроверзно минато
Случајот доби нова димензија кон крајот на јули, кога адвокатскиот тим на претходно уапсениот Милиќ поднесе кривична пријава против Кричак и Секуловиќ. Во пријавата се наведуваа основани сомнежи дека двајцата началници грубо ја злоупотребиле својата службена положба на штета на Милиќ.
Марко Кричак раководеше со УКП од крајот на минатата година. Неговото име стана озлогласено и силно критикувано во јавноста за време на масовните студентски протести низ Србија, кога единицата под негова команда се истакна по бруталноста и примената на прекумерна сила кон демонстрантите.
„Приведувањето на првите луѓе на криминалистичката полиција под сомнение за конструирање докази во случај на убиство претставува еден од најголемите скандали во српското Министерство за внатрешни работи во последните години.“


