во ,

Ужас во скопско: Се испотепаа во штала, тројца итно пренесени на Клиника

Крвава пресметка во Арнакија: Роднини се тепаа со тврди предмети за имот, тројца завршија во болница

Вистински хаос се случил вчера попладне во скопското село Арнакија. Според Министерството за внатрешни работи, во една штала избувнала масовна физичка пресметка меѓу две групи, најверојатно роднини, предизвикана од нерасчистени имотно-правни односи. Во тепачката биле користени и тврди предмети, што резултирало со сериозни повреди.

Супер Попуст -25%

Во инцидентот учествувале шест лица. Најтешко поминал 59-годишниот Р.З., кој се здобил со тешки телесни повреди, додека уште две лица (М.З. и Б.З.) се пренесени во болница со телесни повреди. Повредените се згрижени во ГОБ „8 Септември“ и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Полицијата работи на расчистување на случајот и најавува соодветни пријави.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Умеров од Берлин: Постигнат е реален напредок во мировните преговори со САД

СДСМ: Македонија ќе стане „црна точка“ на Балканот ако примиме депортирани лица