во

Херојски потег пред камерите: Новинар во Австралија скокна во поројните води и спаси возач

Австралискиот телевизиски новинар Вил Мари стана вистински херој откако за време на известување за локалните поплави, без размислување скокна во надојдените води за да спаси возач од автомобил кој тонеше.

Драматично спасување забележано на камера

Инцидентот се случил северно од Бризбејн, во градот Морејфилд, каде што според податоците наврнале приближно 170 милиметри дожд, предизвикувајќи сериозни поплави. Мари, кој известувал за ситуацијата за австралискиот јавен сервис ABC, забележал како возач на теренско возило безуспешно се обидува да помине преку поплавен пат.

Супер Попуст -25%

Возилото многу брзо заглавило во длабоката вода и почнало да тоне. Без да чека спасувачки служби, новинарот Мари, со помош на уште еден случаен минувач, допливал до автомобилот. Тие успеале да го извлечат возачот само неколку моменти пред возилото целосно да исчезне под водата. Целата драматична акција била снимена од телевизиската камера.

„Му го спасија животот“

Очевидците и телевизиската екипа кои биле присутни на теренот биле во шок од брзиот развој на настаните, но и од храброста на новинарот.

„Му го спасија животот – во тоа нема апсолутно никаков сомнеж“, изјави снимателката на ABC, Лиз Пикеринг, која била сведок на настанот и успеала да го документира овој херојски подвиг кој го обиколи светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп со мистериозно предупредување за Иран: „Не преговараме, наскоро ќе се случи нешто“

Хрватска до своите граѓани: Одложете ги патувањата во Србија пред изборите поради безбедносни ризици