во ,

ХОРОР ВО ВЕЛИКА КЛАДУША: Предизвикаа судар, па со „голфот“ тргнаа да ГАЗАТ ЛУЃЕ (ВИДЕО)

Вистинска драма се случила вчера во местото Трнови кај Велика Кладуша (БиХ), каде сообраќајна несреќа прво прераснала во физичка пресметка, а потоа и во обид за прегазување на луѓе со автомобил.

Според сведоците, во инцидентот учествувале татко и син, а вознемирувачки снимки од настанот брзо се проширија на социјалните мрежи. Сè започнало кога автомобил „фолксваген голф“ преминал во спротивната сообраќајна лента и предизвикал судар.

Повеќе од само тепачка – обид за газење

По несреќата, двајцата мажи од „голфот“ излегле и започнале вербален, а потоа и физички конфликт со возач на друго возило (кој дури и не учествувал во несреќата). Откако возачот на „голфот“ добил удар во тепачката, неговиот совозач (татко или син) седнал зад воланот, го стартувал моторот и со полн гас тргнал кон групата луѓе со кои штотуку се тепале. Потоа го свртел автомобилот и повторно се залетал кон нив.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„ВОЈНА ВО ЗАТВОРОТ“: 31 мртов во Еквадор по судир со експлозиви и пукање

Зеленски: „Сите во светот се плашат од Трамп, но не и јас!“