
Вистинска драма се случила вчера во местото Трнови кај Велика Кладуша (БиХ), каде сообраќајна несреќа прво прераснала во физичка пресметка, а потоа и во обид за прегазување на луѓе со автомобил.
Според сведоците, во инцидентот учествувале татко и син, а вознемирувачки снимки од настанот брзо се проширија на социјалните мрежи. Сè започнало кога автомобил „фолксваген голф“ преминал во спротивната сообраќајна лента и предизвикал судар.
Повеќе од само тепачка – обид за газење
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
По несреќата, двајцата мажи од „голфот“ излегле и започнале вербален, а потоа и физички конфликт со возач на друго возило (кој дури и не учествувал во несреќата). Откако возачот на „голфот“ добил удар во тепачката, неговиот совозач (татко или син) седнал зад воланот, го стартувал моторот и со полн гас тргнал кон групата луѓе со кои штотуку се тепале. Потоа го свртел автомобилот и повторно се залетал кон нив.


