во ,

ХОРОР ВО ПЕРУ: 37 загинати откако автобус полн со патници падна во бездна од 200 метри!

Најмалку 37 лица загинаа, а 25 се повредени во Перу, откако автобус падна во бездна длабока 200 метри.

Несреќата се случила во раните утрински часови на „тешка“ делница од Панамериканскиот автопат, во јужниот регион Арекипа, јавува Би-Би-Си. Според локалните медиуми, во автобусот на компанијата „Љамосас“ имало 60 патници. Возилото се судрило со пикап на кривина, потоа излетало од патот и паднало во бездната до брегот на реката Окоња.

Повеќе од само несреќа – уапсен возачот на пикапот

Здравствените власти соопштија дека 36 лица загинале на местото на несреќата, а уште едно лице починало во болница. Меѓу 25-те повредени има и три малолетни лица. Двајцата возачи на автобусот наводно ја преживеале несреќата. Државното обвинителство објави дека возачот на пикапот е уапсен и дека истрагата е во тек.

Црна точка на планинските патишта

Фотографиите од местото на несреќата го покажуваат автобусот целосно уништен на дното на стрмната клисура. Локалните власти изјавија дека теренот во таа област е „многу тежок“ и дека областа има долга историја на смртоносни несреќи. Автобуските несреќи во Перу се честа појава, особено ноќе, поради лошите услови на патот, прекумерната брзина и недостатокот на сигнализација.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

НЕБОТО ГОРИ ВО РОЗОВО: Поларна светлина ги „запали“ Белгија и Холандија! (ФОТО)

ЗЕЛЕНСКИ СО ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ: „Спремете се за голема војна во Европа во 2029!“