во ,

Црниот биланс расте: 55 мртви во пеколот во Хонг Конг, се трага по стотици исчезнати

Бројот на жртви од катастрофалниот пожар што зафати станбен облакодер во Хонг Конг се искачи на најмалку 55, потврдија градските власти.

Според најновите податоци кои ги пренесува Си-Ен-Ен, во трагедијата се повредени најмалку 123 лица, меѓу кои и осум пожарникари кои учествувале во гаснењето на стихијата. Официјалните лица изјавија дека 51 лице починале на самото место на настанот, додека четворица други им подлегнале на повредите во болница.

Стотици сè уште се водат како исчезнати

Супер Попуст -25%

Противпожарната служба сè уште нема објавено нови, прецизни информации за бројот на лица кои се водат како исчезнати. Сепак, според претходните загрижувачки податоци од официјалните лица непосредно по избувнувањето на пожарот, се трагаше по дури 279 лица, што предизвикува стравувања дека црниот биланс може дополнително да расте.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 27 НОЕМВРИ: Овенот ги изгуби сите нерви, Вагата КОНЕЧНО ги зеде работите во свои раце

Драма на мразот во Вилнус: Авион на „ЛОТ“ излета од пистата со 67 луѓе!