во

Шок од Њујорк: Вучиќ најави дека в недела поднесува оставка од претседателската функција

Српскиот претседател Александар Вучиќ предизвика политички земјотрес со најавата дека в недела, на 27 септември, официјално ќе поднесе оставка од претседателската функција.

Образложение до нацијата в недела навечер

Ненадејната изјава Вучиќ ја даде пред новинарите во Њујорк, каде што престојува во рамките на Генералното собрание на ОН. Тој нагласи дека граѓаните на Србија детално ќе бидат информирани за неговата одлука за време на викендот.

„Во недела е напорен ден, во недела навечер поднесувам оставка, мислам дека ќе биде околу осум часот навечер. Тогаш ќе ги наведам причините кои граѓаните ќе можат да ги слушнат“, изјави Вучиќ.

Разговори со Путин и судбината на НИС

Супер Попуст -25%

Паралелно со оваа најава, Вучиќ се осврна и на прашањето за Нафтената индустрија на Србија (НИС). Запрашан дали сликата за судбината на компанијата сега е појасна, тој истакна дека очекува конкретни одговори во следните неколку дена.

„Не знам што точно да одговорам, но се надевам дека по разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, за два до три дена ќе знам нешто повеќе“, појасни српскиот претседател.

Подготовки за Експо 2027

За време на престојот во Њујорк, Вучиќ ги искористил средбите со светските лидери за промоција на специјализираната изложба Експо 2027, која ќе се одржи во Белград од 15 мај до 15 август 2027 година. Под мотото „Игра(ј) за човештвото: спорт и музика за сите“, тој порача дека Србија мора да се подготви да биде најдобриот домаќин во светот.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Силна експлозија го потресе центарот на Атина: Оштетени згради и автомобили, еден повреден

Крај на безвизниот режим: Црна Гора воведува визи за Русија, Белорусија и Турција од 1 ноември