
Шверц на чипови и тајни врски со Пекинг
Министерствата за трговија и за правда на САД официјално ја отворија Пандорината кутија за компанијата „Мегаспид“ со седиште во Сингапур, која била главен партнер на „Nvidia“ во азиско-пацифичкиот регион. Истрагата, започната уште во 2024 година, следи по откривањето на сомнителната поврзаност помеѓу Џенсен Хуанг (кој поднесе оставка на 12 ноември) и кинеската претприемачка Алис Хуанг, за која американските разузнавачи веруваат дека е соработник на кинеското Министерство за државна безбедност.
Властите детектирале сомнителни активности и можно илегално пренасочување на чувствителни полупроводници кон Кина, поради што во јуни 2025 година „Nvidia“ итно ја прекинала продажбата кон „Мегаспид“. Истиот месец, американски агенти во координација со полицијата на Сингапур извршиле драматичен упад во седиштето на компанијата, каде била испрашувана и самата Алис Хуанг.
Забранет влез во Сингапур и разузнавачка мрежа
Под силен притисок на истрагата, Алис Хуанг официјално ја напуштила компанијата кон крајот на август 2025 година. Полицијата во Сингапур ѝ изрекла строга опомена за давање лажни изјави и минимизирање на нејзината вистинска улога во компанијата, а Министерството за внатрешни работи трајно ѝ го забранило повторниот влез во земјата.
Додека истрагата против уште шест лица продолжува, американските служби собираат докази за тоа каква точно била нејзината улога во кинеската шпионска мрежа. Според досегашните сознанија, таа повеќе дејствувала како разузнавачки соработник кој инфилтрира и пренесува клучни информации, отколку како класичен професионален шпион. Очекувано, официјален Пекинг категорично ги отфрли сите обвинувања за вмешаност во скандалот.
„Министерството за трговија започна истрага против ’Мегаспид‘ откако со следење беа откриени сомнителни активности и можно пренасочување на чувствителни полупроводници кон забранети дестинации.“ — се наведува во заедничкото соопштение на американските институции.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден







