
Мафијата во лов на богатството на Тито: Кавачкиот клан сака да купи 90 килограми сребро и слонова коска од вилата „Ловќенка“
Припадниците на озлогласениот црногорски „Кавачки клан“ покажале сериозен интерес за купување на вредни предмети од поранешната резиденција на Јосип Броз Тито во Мељине. Според извори од безбедносниот сектор, тие ангажирале бизнисмен од Цетиње како посредник за да ја заврши зделката во нивно име. Станува збор за трговија со огромна количина антиквитети – околу 90 килограми предмети изработени од сребро и слонова коска, вклучувајќи луксузни садови, уметнички слики и други вредности кои на црниот пазар можат да достигнат вртоглави цени.
Вилата се ограбува со години: Сомнежот паѓа и врз поранешни вработени
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Тајните служби имаат сознанија дека вилата „Ловќенка“ не е на мета само сега, туку дека од неа со години мистериозно исчезнуваат ситни предмети како вазни, бакар и слики. Оперативните податоци фрлаат сомнеж врз лица кои биле вработени во болницата во Мељине и имале неограничен пристап до објектот. Иако полицијата е известена, сè уште нема официјален одговор за текот на истрагата.
Луксуз во кој Тито никогаш не преспал
Вилата, изградена во раните 80-ти како втора резиденција покрај „Галеб“, парадоксално, никогаш не го угостила Тито. Сепак, таа служела за одмор на високи југословенски и српски функционери (како Борис Тадиќ и Наташа Мичиќ) и за седници на Врховниот совет за одбрана. Денес, овој објект полн со историја и луксуз е предмет на транзициски спорови и мета на криминални групи.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден








