во

Ѓоковиќ го прошета Пекинг во неонска тренерка, Кинезите зачудени го набљудуваа од кафулињата

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, по пет години повторно се врати во Кина, а неговото добро расположение беше очигледно.

Ноле секогаш бил омилен меѓу кинеските навивачи, а и овој пат изгледа дека уживаше. Во неколку снимки објавени на социјалните мрежи, можеше да се забележи како учествува во маркетинг кампањи за своите спонзори, а дури и играше тенис на прочуениот Кинески ѕид.

Но, најголемо внимание привлече неговото видео каде што шета покрај едно кафуле облечен во неонско зелена тренерка, инспирирана од модата на “дизелашите” од 90-тите. Со музика во позадина, Ѓоковиќ уживаше во моментот, додека случајните минувачи зачудено го гледаа.

Снимката беше пропратена со песната на Дрејк „Kiki, do you love me“, но останува прашање дали тоа беше оригиналната музика или можеби Новак слушал српски хитови од 90-тите, за кои неодамна откри дека му е жал што не присуствувал на концертите на тие музичари во Белград.

Во моментов, Ѓоковиќ е во Пекинг, но наскоро ќе се пресели во Шангај каде ќе учествува на Мастерс турнирот.

@djokernole Novak Drakeovic. #drake #rap #dance #china ♬ In My Feelings – Drake


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Се појави ли Михаел Шумахер за прв пат по несреќата?

Милан Калиниќ и Сандра се разделија по 18 години брак: нов почеток за двајцата