во ,

Ѕвездите за 31 октомври: Водолијата добива помош од жени, рибите мора да се повлечат

Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.

Астролог Олга Савиќ

Викенд Намаление

ОВЕН

Денес кај вас е нагласена силна енергија и голема иницијатива. И покрај тоа, ќе имате потешкотии да се усогласите со другите. Со повеќе такт, сè е можно. Партнерот е подготвен да ве сослуша и денес е лесно да се постигне компромис по сите прашања.

БИК

Ве иритираат некои личности и предизвикуваат напнатост во вас, но се трудите сè да решите со компромис. Не дозволувајте да ве испровоцираат. Страста е присутна во вашите емотивни релации. Уживајте во активниот однос со саканата личност.

БЛИЗНАЦИ

Вие сте во добро расположение, па ќе умеете да пронајдете начин да ги надминете напнатите ситуации во колегијалните односи. Не дозволувајте некој да ви го расипе денот. Убави моменти со саканата личност, а оние кои се слободни можат да запознаат некој интересен.

РАК

Можеби денес и не е сè совршено, но вие добро се чувствувате. Некако сте во склад самите со себе и ништо не може да ве поремети ниту да ви го расипе расположението. Ќе умеете да го пронајдете вистинскиот пристап и со саканата личност да остварите убави моменти.

ЛАВ

Ден за решавање на дилеми, за pokrenuvawe важни прашања и решавање на бирократија. Сè оди лесно и без големи оптоварувања. Дури и ако сметате дека нешто нема да успеете да решите, ќе се покаже дека не сте во право. Добар контакт со саканата личност.

ДЕВИЦА

Сè оди како што треба, но вие не сте целосно задоволни. Можеби во претходниот период сте биле исфрлени од рамнотежа или сте поминале низ некои напорни моменти, па сè уште ви е тешко да се вратите на себеси. Ќе биде подобро наскоро. Саканата личност ја чека вашата иницијатива.

ВАГА

Осцилација на расположението во текот на овој ден. Час сте исклучително оптимистични, час како да станувате несигурни, нервозни, немате веќе ни нерви ни трпение да чекате некои ситуации. Сакате саканата личност повеќе да обрне внимание на вашите потреби.

ШКОРПИЈА

Многу сте одлучни по некои прашања и со своите ставови можете да ја иритирате околината. Умеете да бидете премногу напорни и да ја наметнувате својата волја. Бидете потактични денес. Често размислувате за некој со кого веќе подолго време немате контакт.

СТРЕЛЕЦ

Енергијата на овој ден ви одговара и денес можете да бидете многу активни и да се вклучите во сите деловни случувања во полна мера. Можеби денот е напорен, но вие сте многу успешни. Блескате и лесно ја привлекувате личноста која ве интересира.

ЈАРЕЦ

Некои вам не баш пријатни обврски доаѓаат на дневен ред. Сепак, ќе се покажете на висина на задачата и ќе го завршите она што се очекува од вас. Контактот со емотивниот партнер е добар, но малку сте уморни и нема да можете да блеснете како што умеете.

ВОДОЛИЈА

Денес сте во добро расположение и имате фин однос со деловните соработници, особено со оние од женскиот пол. Генерално гледано, женските личности денес ви пружаат прилики, помош и поддршка. Саканата личност и вие имате големи планови за овој ден.

РИБИ

Пред вас е ден исполнет со активности, но и со добри резултати. Доколку видите дека со некои личности не успевате да остварите задоволителен договор или компромис, повлечете се накратко. Убави моменти ве чекаат со личноста која ја сакате.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Алармот е вклучен: Италијанските плажи исчезнуваат, 45 проценти ќе бидат под вода

Додека Трамп е во Азија, Сенатот му ги укинува трговските војни дома