во ,

Маск прави планови за изградба на првиот град на Марс

Станува збор за визијата на Елон Маск и неговите планови да ги направи луѓето интерпланетарен вид.

Тој рече дека лансирањето на ракетата Starship чини 2 милиони долари, а градот на Марс ќе стане реалност. За таа цел, треба да лансираат околу 1000 ракети кои ќе пренесуваат инфраструктура во период од 20 години.

Реклама

Одалеченоста од Марс дозволува еден лет на секои две години.

Маск говореше за тоа колку материјал може да пренесе Starship.Тој вели дека Starship во идеални услови може да лета два до три пати дневно.

Ако се земат предвид функционалните летала кои транспортираат материјал, годишно може да се транспортираат до 500 тони.

Пред да се направи место за живеење, потребно е да се направи лет на Црвената планета за да се направи потребното истражување. Меѓутоа, сега се очекуваа космонаутите да се вратат на Месечината. НАСА најави дека тоа ќе се случи до 2024 година.

Маск и во минатото ја напоменуваше мисијата на Марс која би требала да се случи до 2024 година, иако тој рок се чини како премногу амбициозен.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 Најдобри филмски адаптации според романите на Стивен Кинг

Каде одиш пијан вака доцна?