во ,

5 Најдобри филмски адаптации според романите на Стивен Кинг

Американскиот писател Стивен Кинг, во текот на својата долгогодишна кариера издаде околу шеесет романи кои се продадени во повеќе од 350 милиони примероци. Писателот е популарен по неговите хорор романи според кои се направени филмови, мини-серии и стрипови.

Ова се најдобрите филмски адаптации кои се направени според неговите романи:

Реклама

1. „The Shining“

Адаптацијата на Кјубрик за истоимената новела на Стивен Кинг од 1977 година е прикажана пред 40 години. Филмот го следи писателот кој е алкохоличар, Џек Торанс, кој заедно со сопругата и синот Дени се вселува во затворениот хотел за да го заврши романот. Неговиот син Дени, кој има парапсихолошки способности, и неговиот татко се борат со духовите кои ги опседнуваат ходниците на хотелот во собата 237.

2. „Misery“

Трилерот „Misery“ е една од најдобрите филмски адаптации на делата на Кинг, а ја следи приказната за морничавата ситуација во која е заробен и злоставуван познатиот писател откако е спасен од автомобилската несреќа. За него се грижи жена која е социопат, со нож и лоши намери.

3. „Carrie“

Првиот филм направен според роман на Кинг е филмот од 1976 година, под називот „Carrie“. Кинг имал само 26 години и за авторските права добил само 2.500 долари.

4. „The Shawshank Redemption“

Овој филм имаше седумкратни номинации за Оскар и е прогласен за еден од најдобрите филмови на сите времиња.

Филмот ја следи приказната за банкарот Енди, кој е осуден на доживотен затвор и ги следи неговите необичните доживувања од пријателство со затворскиот шверцер.

5. „It“

Приказната за злоставуваните деца кои се собираат кога ги следи демонот кој се трансформира во кловн, доживеа екранизација во вид на мини серија, а вториот дел беше прикажан минатиот месец.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 човек, 750 кучиња: Србин спасува кучиња во Ниш кои никој не ги сака, им дава засолниште и безусловна љубов

Маск прави планови за изградба на првиот град на Марс