
Откажувањата на Карлос Алкараз и Јаник Синер пред Мастерсот во Синсинати веднаш ја променија сликата на турнирот. Светските медиуми почнаа да пишуваат дека на Новак Ѓоковиќ му се „отворил патот“ до трофејот, но приказната е многу посложена.
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Српскиот тенисер, кој се наоѓа во 40-тата година од животот, повторно е подготвен да се врати на терен по паузата и да отпатува во Соединетите Американски Држави.
Не е „автопат“, туку нов тест за Ѓоковиќ
Отсуството на двајцата најголеми ривали несомнено ја менува конкуренцијата, но тоа автоматски не значи дека Ѓоковиќ ќе има лесен турнир. Во Синсинати остануваат голем број опасни противници, а неговата главна цел е постепено да ја крене формата пред УС Опен.
Ѓоковиќ досега осум пати играл финале во Синсинати, а трипати ја освоил титулата. Последниот триумф таму го забележа во 2023 година, кога во финалето го совлада Карлос Алкараз.
Токму Синсинати е последниот Мастерс турнир што го освоил, но прогласувањето на Ѓоковиќ за апсолутен фаворит може да создаде притисок кој во моментов не му е приоритет.
По одморот, повторно на тренинг
По Вимблдон, Ѓоковиќ одлучи да помине повеќе време со семејството. Престојуваше во Грција и Црна Гора, а потоа повторно почна да тренира во Портонови.
Во Синсинати треба да биде трет носител, зад Александар Зверев и Феликс Оже-Алијасим. Во конкуренцијата се и Данил Медведев, Алекс де Минор, Тејлор Фриц, Бен Шелтон, Флавио Коболи и други.
Синсинати му е подготовка за Њујорк
Ѓоковиќ пропушти четири од последните пет свои можни настапи во Синсинати, вклучително и последните две години. Причината беше едноставна – сакаше посвеж да го дочека УС Опен.
И овојпат главниот фокус е Њујорк, а не бркање на рекорд или четврта титула во Синсинати по секоја цена.
Да му беше трофејот во Синсинати апсолутен приоритет, ќе настапуваше таму многу почесто и во претходните сезони. Наместо тоа, турнирот сега може да му послужи како важна проверка на формата пред последниот гренслем во сезоната.
Finally Novak is back to the court practice🎾
When the 23, 25 years old youngsters are all "injured" and rest🤨🙄 Our 39 years old father is still hard training in the hot and humid weather in 🇲🇪
#Djokovic #GOAT pic.twitter.com/YEJIUlylTv— NovakAnalysis (@NovakAnalysis) August 10, 2026
Кога започнува турнирот и колкави се наградите?
Главниот ждреб во Синсинати започнува во четврток, 13 август, а турнирот ќе трае до 23 август. Дневната програма започнува во 17 часот, додека ноќните мечеви се предвидени од полноќ.
Вкупниот награден фонд во машка конкуренција изнесува 9.415.725 долари, додека во женска конкуренција е 7.433.076 долари.
Победникот во машка конкуренција ќе заработи 1.151.380 долари и 1.000 АТП-бодови, финалистот 612.340 долари и 650 бодови, а полуфиналистите по 340.190 долари и 400 бодови.
- Победник: 1.151.380 долари – 1.000 бодови
- Финалист: 612.340 долари – 650 бодови
- Полуфинале: 340.190 долари – 400 бодови
- Четвртфинале: 193.645 долари – 200 бодови
- Осминафинале: 105.720 долари – 100 бодови
- Шеснаесеттинафинале: 61.865 долари – 50 бодови
- Второ коло: 36.110 долари – 30 бодови
- Прво коло: 24.335 долари – 10 бодови
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден








