во ,

„Алкотраз“ – најневообичаениот коктел-бар во Британија

„Алкотраз“ е коктел-бар во затвор каде што е пожелно да се шверцува пијалакот што сакате да го испиете, но треба добро да го сокриете бидејќи ако чуварите на затворот, односно на коктел-барот, забележат дека носите пијалак, ќе останете без него.

Првиот лондонски коктел-бар направен во затворски стил е отворен во 2017 година и има многу интересно име – „Алкотраз“. Секоја сличност со името на познатиот затвор „Алкатраз“ е намерна, а станува збор за бар во кој е дозволено да си однесете пијалак, но морате да внимавате, исто како и во затвор, да не ве фатат чуварите

Реклама

Сите пијалаци што ќе ги внесете се сервираат како во кафуле, а за доживувањето да биде целосно, на влезот ќе добиете затворска облека и пијалакот ќе го пиете во ќелија.

Барот е инспириран од познатиот затвор „Алкатраз“, а има капацитет до 30 „затвореници“. Во барот нема мени и сѐ се служи во метални затворски чаши за чуварите да не знаат кој што пие.

„Алкотраз“ во суштина бара од „затворениците“ да бидат што е можно покреативни во обидите за шверцување пијалаци за искуството во барот да е што поавтентично и поинтересно. Влезницата чини 36 фунти, а пијалаците си ги носите сами. Денес вакви барови има во неколку британски градови и се многу популарни.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 Евтини тетоважи кои после скапо ќе ве чинат

Започнување снимањето на првиот филм во вселената, Русите стигнаа на станицата