во , ,

Баба стана хит откако соши реплика на фустанот кој го посакувала внука ѝ

Баба со голем талент за шиење стана хит на социјалните мрежи откако ѝ соши на внука си реплика на фустанот од нејзините соништа.

На Ариел Чу од Мелбурн ѝ претстоел важен настан и го пронашла идеалниот фустан, но креацијата чинела 730 австралиски долари и таа не можела да си ја дозволи.

Во тој момент, нејзината баба скокнала во акција. 86-годишната жена, која има 65-годишно шивачко искуство, веднаш започнала со кроење за да ѝ ја исполни модната желба на Ариел.

Реклама

Таа е мојата самовила. Ова не првпат баба ми да го направи ова, таа секогаш прави алишта за сите. Само покажи ѝ крој или дизајн и таа ќе го направи. Еднаш ми направи сако за на училиште зашто мајка ми не можеше да си дозволи ново. Речиси не можете да пронајдете разлика во шиењето на училишниот симбол кој таа го направи само со игла и конец“ – изјавила Ариел.

Бабата веднаш се фрлила на работа и го пресоздала дизајнерскиот фустан за внука си. Ариел постојано била покрај неа и научила некои кројачки лекции.

Среќната девојка го документирала целиот процес и го објави во кратко видео на TikTok.

„Ќе го носев на бал организиран од работа, но сè се одложи поради пандемијата. Но, сигурна сум дека ќе имам можност да го носам“ – изјавила таа.

Видео


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

21 Фотографии ја покажуваат суровата иднина на машката мода: Здолништа и фустани!

20 Најкул дизајни на маици кои може да ги купите ова лето