во ,

Бабичката му побарала на дедото да ѝ донесе сладолед: Подобро запиши – му рекла…

Еден стар брачен пар, почнале многу често да ги забораваат работите, па отишле на лекар за да се посоветуваат што да прават.

Лекарот им препорачал да почнат да почнат да ги запишуваат работите за да не ги забораваат. Се вратиле дома, а бабичката му побарала на дедото да ѝ донесе сладолед.

Реклама

– Подобро запиши – му рекла.

– Не, до толку памтам, сакаш сладолед – одговорил дедото.

– Добро, стави и шлаг пена на сладоледот и дај запиши да не заборавиш – рекла бабичката.

– Не, до толку памтам – сакаш сладолед со шлаг пена – рекол дедото.

– Може да ставиш и некоја цреша, запиши си – рекла бабата.

– Немој да се грижиш, запомнив, сакаш сладолед со шлаг пена и со цреша – одговорил дедото и тргнал кон кујната.

Го немало околу 30 минути дедото и се вратил во собата со чинија јајца и пржена сланина. Бабата ја погледнала чинијата збунета, па го прашала сопругот:

– А лебот го заборави ли, ти реков да запишеш.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Те молам разбуди ме во 5 часот сабајле…

Жено, ја плативме ли ратата за колата?