
Нова забрана веднаш по судската одлука
Според извори запознаени со одлуката, забраната доаѓа само еден ден откако федерален судија привремено му го врати на Си-Ен-Ен пристапот до комплексот на Белата куќа. Ваквиот однос кон медиумите не е изолиран случај, со оглед на тоа што минатата недела пристапот им беше ускратен и на медиумските куќи MS NOW и Politico.
Портпаролката на Си-Ен-Ен ги потврди наводите за забраната, кои првично ги објави „Вашингтон пост“. Од Белата куќа не стигна одговор на барањето за коментар, но индикативно е што во официјалниот распоред не беше наведен примарниот телевизиски известувач за тој ден.
Удар врз ротирачкиот телевизиски пул
Оваа одлука директно го погодува системот на ротирачки телевизиски пул, кој претставува модел на здружување и соработка меѓу различни телевизиски куќи (вклучително и ABC, CBS, NBC и Fox News) за собирање и размена на видеоматеријали од претседателските активности.
„Традиционално, кога претседателот на САД патува, новинарите и техничкиот персонал на медиумите кои тој ден се на ред за известување редовно се качуваат во задниот дел од претседателскиот авион за да го следат патувањето и да ја информираат јавноста.“
Заедничкото следење на активностите на Трамп беше обновено дури во петокот по краткиот прекин предизвикан токму од претходната забрана за Си-Ен-Ен. Во петокот, CBS беше главен известувач за настаните со кинескиот претседател Си Џинпинг, додека на Си-Ен-Ен му беше доделен само еден дневен настан во Националниот архив.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден







