во , ,

Бетмен лута по улиците на овој град и прави нешто што потполно го воодушеви светот

Еден непознат човек маскиран во Бетмен им дели храна на бездомниците на улиците во Сантјаго и им дава утеха на оние кои им е потребна по повеќемесечните рестриктивни мерки во чилеанската престолнина поради коронавирусот, пренесуваат медиумите од оваа земја.

Мажот во костим на Бетмен, опремен и со заштитна маска поради Ковид-19, редовно им доставува неколку десетини чинии со топол оброк на бездомниците ширум Сантјаго.

Бетмен рекол дека сака да остане анонимен.

“Погледнете околу себе, ако можете да посветите малку време, да дадете малку храна, засолниште, понекогаш охрабрувачки зборови на оние на кои им се потребни, направете го тоа”, рекол тој, додавајќи дека целта му е да ги развесели и да ги обедини луѓето.

Ограничувањата воведени со цел спречување на ширењето на коронавирусот ја разорија чилеанската државна каса, а невработеноста нагло пораснала.

Симон Салвадор, еден од примателите на помош, изјавил дека го цени потегот на анонимниот маж и дека вистинските чувства се очигледни, со или без костумот на Бетмен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маж го трансформираше поткровјето во плакар од соништата за својата сопруга

Кои би изгледале 10 познати личности ако нивното лице одговара на златниот сооднос