во ,

Бурекот станува луксуз? Струјата ги „изгоре“ цените во пекарите, поскапување до 10 денари

Утрински шок за џебот: Бурекот и печивата поскапуваат, струјата е виновникот

Граѓаните веќе го чувствуваат ударот – цените на белите печива и бурекот во одредени пекари скокнаа и за 10 денари. Главната причина за овој нов бран поскапувања е зголемената цена на електричната енергија, но и поскапата работна рака. Пекарите предупредуваат: за да опстане бизнисот, корекцијата на цените е неизбежна, а оние што сè уште не ги поскапеле производите, најавуваат дека тоа ќе го сторат наскоро.

Најзагрозени се „маалските“ пекари

Супер Попуст -25%

Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија апелира малите пекари да се префрлат на слободниот пазар за струја за да избегнат драстични поскапувања. Според него, во најголема опасност се малите занаетчии кои работат во гаражи и дуќани како дел од домаќинствата, бидејќи плаќаат најскапа струја. Експертите советуваат да се прави баланс – поскапата струја да се компензира со моментално пониските цени на нафтата и суровините.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Спремете пари за „влезница“ во ЕУ: Од крајот на 2026 се воведува такса од 20 евра

Балканот во шок: Меѓу повредените во швајцарскиот пекол има Срби и Босанци