
„Кучето буквално го проголтало детето“: Лекарите на Закинтос сведочат за невиден хорор
Истрагата за смртта на 2-годишниот Лео на грчкиот остров Закинтос открива застрашувачки детали кои ја шокираа јавноста и медицинскиот персонал. Михалис Јанакос, претседател на здружението на вработени во јавните болници (POEDIN), изнесе потресно сведоштво за состојбата во која детето било донесено во болница. „Колегите ми рекоа дека никогаш во животот немаат видено таква глетка. Кучето буквално го проголтало детето со смртоносни каснувања по вратот, главата и черепот“, изјави Јанакос. И покрај огромните напори на екипите за итна помош (ЕКАБ) да го реанимираат за време на транспортот, малиот Лео бил практично мртов уште пред да стигне во болницата.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден

Таткото низ солзи: „Ме погледна, се насмевна и ги затвори очите“
Трагедијата е уште поголема бидејќи семејството било познато по својата хуманост кон животните. Питбулот што го извршил нападот бил куче скитник кое тие го прибрале од улица пред неколку дена за да му помогнат додека не му најдат дом. Таткото ги опиша последните моменти на својот син: „Детето писна, а јас истрчав. Го гушнав, тој ме погледна, ми се насмевна и само ги затвори очите“. Мајката на детето е хоспитализирана и се наоѓа во состојба на тежок шок.

Судбината на родителите и кучето
Родителите, кои првично беа уапсени под обвинение за запоставување на малолетно лице, се пуштени на слобода по наредба на обвинителот, земајќи го предвид фактот дека биле познати како грижливи луѓе кои систематски се грижеле за напуштени животни. Кучето моментално се наоѓа во прифатилиште, а петчлена комисија во наредните денови ќе донесе одлука дали ќе биде евтаназирано или ќе остане под заштита.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден








