во , ,

Вирално видео: Мечка упаднала на свадба во Мексико и се качила на маса

Видеото од ТикТок на кое е снимен “упад” на мечка на свадба и нејзиното качување на маса додека луѓето мирно ја гледаат, стана вирално на интернет.

Американката Енџи Диса неодамна присуствувала на венчавката на својот братучед во паркот Чипинќе во Мексико, па објаснила дека пристигнала во петокот, а свадбата се одржала во саботата.

“Со оглед на тоа дека паркот се наоѓа во близина на планина, гостите на венчавката беа свесни дека во близина има диви животни”, рекла Диса.

Мечката се појавила додека сите вечерале, а тоа успеа да го документира Диса.

Видеото собрало повеќе од 1,7 милиони прегледи. 


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Само Господ знае за 5, ја знам за 4, а ви мамини мази може едвај за 2, евентуално 3…

20 Искрени фотографиии прикажуваат како навистина изгледа секојдневието во Русија