во , ,

Водител на „BBC“ фатен во незгоден момент: „Се извинувам, бев на крајот од смената“

Водителот на „BBC“, Бен Браун, упатил извинување до јавноста откако бил фатен како зева во текот на телевизиската програма.

Тоа се случило вчера за време на вестите, а уморниот 60-годишен водител мислел дека во тој момент не е во програма во живо.

На видеото се гледа како Браун е навален во водителското столче и зева, а кога сфатил дека повторно е во етер, брзо се исправил и продолжил да ја води програмата.

Реклама

„Се извинувам за ова, драги гледачи – бев на крајот од долгата смена која започна во 5 часот наутро, кога камерата по грешка беше насочена кон мене. Опасноста од телевизијата во живо!“, напишал Бен на Твитер.

Но, гледачите не му замериле – тие дури и сметаат дека тој совршено ја резимирал 2020 година.

„На сите нѝ го разубави денот со тој момент“, гласи еден од коментарите под видеото.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дворец во долина на вилите: Шармантното романско село создадено како за одмор од бајките

Еден снешко го снајде незгода – Зајаче му го изеде носот-морков