
Според извештаите на светските медиуми, вклучително и Си-Ен-Ен, американската војска прва иницирала воен удар насочен кон два ирански лансери за ракети лоцирани на стратешкиот остров Ларак, во водите на Ормускиот Теснец. Официјална потврда за операцијата пристигна од Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), од каде соопштија дека извршиле „ограничена и прецизна акција против силите за поставување мини во Ормускиот Теснец“, со цел заштита на меѓународните пловни рути и безбедноста во регионот.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден

Возвратни удари од Техеран и контроверзни објави на Трамп
Одговорот од страна на Техеран не изостана и уследи речиси веднаш по првичниот напад. Иранските вооружени сили возвратија со координиран ракетен напад и употреба на беспилотни летала врз американските воени бази стационирани на територијата на Јордан. Дополнителна тензија во веќе зовриената атмосфера внесе Доналд Трамп, кој само неколку часа по воените дејствија објави контроверзни видеа генерирани со вештачка интелигенција, на кои се прикажуваат катастрофални експлозии на нафтената инфраструктура.
Едно од објавените видеа носеше експлицитен наслов „Островот Харг е разнесен на парчиња“, што претставува директна алузија на најголемиот ирански нафтен терминал, чие заземање или целосно уништување Трамп претходно го најавуваше како легитимна опција во случај на ескалација.
„Американските сили спроведоа ограничена, прецизна акција против иранските капацитети во Ормускиот Теснец, по што уследи брза и жестока воена одмазда од Техеран врз воените бази во Јордан.“


