
Според најавите, договорите треба да бидат потпишани во Тел Авив меѓу грчкиот Генерален директорат за инвестиции во одбраната и СИБАТ – Дирекцијата за одбранбена соработка на Министерството за одбрана на Израел. Новиот одбранбен систем е дизајниран за сеопфатна заштита од ракети, воздушни закани и беспилотни летала, а во неговата реализација се очекува да учествуваат и дванаесет грчки компании со активности вредни преку 700 милиони евра.
Комбинирање на „Патриот“ системите и вештачка интелигенција
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Новиот воздушен штит ќе ја комбинира постојната воена опрема на Грција, како што се системите „Патриот“ и дроновите распоредени на островите и копното, заедно со напредни израелски технологии. Целиот систем функционрира со помош на софтвер заснован на вештачка интелигенција, што ќе овозможи максимална прецизност и брза реакција на секакви безбедносни предизвици.
„Ахиловиот штит претставува пресвртница во одбранбената архитектура на Грција, комбинирајќи напредна израелска технологија и вештачка интелигенција за заштита на територијата.“


