во , ,

Воопшто не ни е гајле дали имаш документи, дали си пиел, дали колата ти е исправна…

Лута зима, снег до колена. На една раскрсница мрзнат двајца полицајци. Толку им дошло преку глава што ги запираат сите коли. Запираат една кола и му велат на возачот:

– Воопшто не ни е гајле дали имаш документи , дали си пиел, дали колата ти е исправна. Излегувај од колата и почнувај да мочаш на снегот. Ако успееш да напишеш „Сообраќајна полиција“ ќе те пуштиме, ако не успееш вади илјадарка и да те нема.

Реклама

Излегува возачот, почнува да моча и да пишува. Доаѓа до „Сообраќ“ и не може повеќе. Ја плаќа казната од 1000 ден. и си оди.

Запираат следен автомобил. Возачот доаѓа до „Сообраќајна по“ и застанува. И тој вади илјадарка, си плаќа и си оди.

По некое време кон полицајците наближува раскршен 101. Го запираат. Зад воланот седи Трпе. Му ги објаснуваат условите а тој им вели:

– Нема проблем. Ако сакате и „Сообраќајна полиција на Република Македонија“ ќе ви напишам на снегот со мочање, материјал имам колку сакаш. Ама ќе треба некој да ми го држи „пенкалото“ и да пишува, оти јас сум неписмен.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Аман, те молам Хасо, пази да не те фатат, ќе биде лошо и за двајцата…

Кога ќе се качам на Биг Бен и ќе викнам “Да живее кралот”, цел ден низ Лондон се слуша “Да живее кралот”…