во ,

Воспитувачка во градинка му помага на детето да ги облече чизмите….

Воспитувачка во градинка му помага на детето да ги облече чизмите. Тоа туркало, таа влечела, но чизмите никако да легнат на ноџињата. Кога едвај успеала…

…да му ги навлече, целата препотена, речиси се онесвестила кога малиот и рекол:

– Ама сте ми ги облекле обратно… левата на десна нога, десната на лева.“

Реклама

И навистина. Не било лесно повторно да му ги соблече и облече, но, на крај чизмите си биле секоја на вистинската нога.

Малиот тогаш викнал:

– „Тоа не се моите чизми“.

Воспитувачката се гризнала за јазик за да не вресне. -„Зошто не ми го кажа ова порано???!!!“ И со напор повторно му ги соблекла чизмите.

Тогаш малиот продолжил: „Чизмите се од брат ми. Мама ми ги даде мене“.

Воспитувачката не знаела дали да плаче или да се смее… после повторна мака, чизмите биле повторно на нозете.

Тогаш таа го прашала детето: „А, каде ти се ракавичките?“

Детето одговорило: „Па ги сокрив во чизмите!“


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ај Трпе да наздравиме!

10 Славни убавици кои го делат животот со помалку атрактивни партнери кои го имаат она „најважното“