во , ,

Во Јапонија можете да изнајмите човек за 9$ да ве слуша како се жалите

Таканобу Нишимото има необичен бизнис. Овој 50-годишен моден консултант во 2012 година започнал онлајн-услуга наречена „осан рентал“.

– „Осан“ е малку навредлив термин за „чичковци“, или средовечни мажи – вели тој.


За само 1.000 јапонски јени, или 8,89 долари на час, оние што ги користат услугите на Нишимото ќе можат да изнајмат средовечен маж кој ќе ги слуша нивните проблеми, ќе ги извршува нивните задачи и ќе им нуди совети за животот.

– Во Јапонија средовечните мажи честопати се мета на критики поради нивната стереотипна фризура, пивскиот стомак и нехигиенските навики – вели Нишимото. Затоа, тој ја создал услугата со намера да ги отфрли сите негативни стереотипи за јапонските „чичковци“.

– На почетокот мислев дека поголем дел од клиентите ќе бидат млади мажи, но всушност чести клиенти ми се жените во 20-тите и во 50-тите години – вели Нишимото.

Нивните потреби варираат – некои бараат совети за кариерата и љубовта, додека други едноставно сакаат друштво на концерти и во барови. „Осан“ често им помагаат на клиентите да го преместат мебелот или да играат улога на момче за да ги избркаат досадните додворувачи.

Нишимото гарантира безбедност. Тој ги прикажува потенцијалните кандидати за да ги осигури своите клиенти дека не се досадни – карактеристика што многу од неговите клиенти не ја сакаат. Исто така, Нишимото извршува задолжителна проверка на нивното минато – дали биле осудувани и дали имаат направено некој криминал.

Додека „осан“ можат да ја задржат својата заработка, Нишимото наплатува 88,89 долари месечно за членство во „Осан рентал“ и на тој начин се ослободува од кандидати со сомнителни намери. Исто така, кандидатите потпишуваат едногодишен договор.

Нишимото верува дека зрелите мажи имаат големо животно искуство што можат да го споделат и можат да им се најдат на оние на кои им е потребна помош. Веб-страницата сега има околу 900 резервации месечно, а популарните „осан“ добиваат од 50 до 60 резервации, со што заработуваат 88,.90 долари.

Нишимото вели дека има околу 80 „осан“ од кои клиентите можат да избираат – во споредба со само еден (тој самиот), кога првпат започнал.

Придобивките од изнајмување „осан“ се двонасочни, вели Нишимото. Мажите добиваат поголема самодоверба, го подобруваат имиџот или учат животни лекции од другите луѓе.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прекрасно место во Данска каде што луѓето живеат во прекрасни кружни градови

10 Одлични комедии од 2019 кои не смеете да ги пропуштите