
Драма во Крива Паланка: Со врескање и отпор приведен сопственикот на 500 „распуштени“ крави кои со години ги пустошат селата
Попладнево во Крива Паланка се одвиваше вистинска драма при приведувањето на поранешниот сопственик на стадо од над 500 крави. Тој и неговото семејство пружиле жесток отпор, со врескање и физичко спротивставување, кога полицијата и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пристигнале да ги одземат животните. По кратка пресметка, сопственикот е совладан и спроведен во полициска станица, а Основното јавно обвинителство Куманово потврди дека е отворен предмет по брза постапка.
Земјоделците очајни: Уништени стотици тони храна, проблемот трае цела деценија
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Овој потег на институциите доаѓа по масовните протести на мештаните, кои тврдат дека околу 800 грла добиток слободно скитаат и уништуваат стотици тони земјоделски производи во атарите на кривопаланечките села. Проблемот, кој ескалираше во последните години, трае повеќе од една деценија, а селаните се жалат и на постојани закани од сопственикот и неговите ќерки. Од АХВ потврдија дека веќе се одземени дваесетина грла поради несоодветно чување, најавувајќи дека акцијата ќе продолжи и покрај отежнатите околности и инцидентите.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден







