во , , , ,

Германка потроши над 50 илјади евра за да го покрие своето тело со хероите на син ѝ

Џулијана Форстер потроши над 57.500 евра за да го покрие целото тело со тетоважи на омилените ликови од стриповите. 33-годишната мајка од Оберндорф, Германија, била инспирирана од нејзиниот син Константин.

Кога Константин имал три години, Џулијана за да го израдува својот син ги истетовирала Спајдермен, Ајронмен и Капетан Америка. Така таа почнала да тетовира и други херои од стриповите. Мајката почнала да се тетовира кога имала само 18 години и сега само лицето и десната страна од задникот ѝ се без тетоважи.

Заедно со логото на Одмаздници на нејзината нога, таа има портрет на верзијата на Jокер портретирана од Хит Леџер во Темниот витез и маската на Гај Фокс од филмот V за Вендета од 2005 година.

Реклама

Нејзината уметност по тело ја чинела огромни 57.500 евра, а Џулијана признала дека отсекогаш била „фасцинирана“ од тетоважи и смета дека е „скоро невозможно“ да пресмета колку од нив направила на своето тело. Таа живее во мало село со семејството, вклучувајќи го и синот Константин кој сега има 15 години, Конот кој има 2 годинки и посвоениот син Тајлер, кој има 5 години.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Фотографии кои апсолутно, без никаква дилема ќе ви го направат денот

18 Фотографии што докажуваат дека луѓето во минатото старееле побрзо отколку денес