во , ,

Градот на крадците: Неуморната банда поради која жителите во овој град живеат во „кафези“

Околу 4.500 мајмуни владеат на улиците на тајландскиот град Лопбури и нивниот број со години не се намалува.

Тоа е голема атракција за туристите, но не и за локалните жители поради тоа што за нив тоа е вистинска главоболка.

Некои од граѓаните живеат во жичани „кафези“, огради кои што морале да ги постават околу своите домови за мајмуните да не им ја крадат храната, да им ги земаат работите и да ги малтретираат.

Реклама

Уличните продавници секако мора да внимаваат за мајмуните да не им ја украдат робата од „пред нос“. За да ги избркаат, луѓето се служат со прачки кои што секогаш ги имаат при рака.

Освен овошје и зеленчук, мајмуните знаат како да позајмат и очила за сонце од главите на минувачите.

Граѓаните кои што се емпатични во врска со мајмуните признаваат дека не е лесно тие да бидат во Лопбури поради тоа што животните таму немаат питки извори за вода ниту пак доволно дрвја за да се искачуваат на нив.

Поради тоа тие им помагаат колку што можат. Во текот на пандемијата на коронавирусот ситуацијата се влошила, па градските власти инсистирале да се зголеми стерилизацијата на мајмуните.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Навики од времето на нашите баби и дедовци кои почнаа да ги прифаќаат сите што водат поздрав и поеколошки живот

10 Карактеристики кои секој господин треба да ги поседува