во ,

Дали ги разбираме децата?

Една жена си дошла дома од работа доцна, уморна и иритирана, наоѓајки го нејзиниот 5-годишен син како ја чека на вратата.

СИНОТ: “Мамо, може ли да ти поставам едно прашање?”

Реклама

МАЈКАТА: “Секако, што е сине?”

СИНОТ: “Мамо, колку заработуваш за еден час?”

МАЈКАТА: “Тоа не е твоја работа. Зошто ме прашуваш такво нешто?” одговорила налутено.

СИНОТ: “Јас само сакам да знам. Те молам кажи ми, колку заработуваш за еден час?”

МАЈКАТА: “Ако веќе мораш да знаеш, за еден час заработувам 20 $. ‘

СИНОТ: “Ох”, одговорило малото момче, со главата наведната надолу.

СИНОТ: “Мамо, те молам може ли да ми позајмиш 5 $?”

Мајката се налутила, “Ако единствена причина за твоето прашање е да можеш позајмиш пари за да купиш глупава играчка или некоја друга бесмислица, тогаш марш директно во својата соба и оди во кревет. Размисли зошто си толку себичен. Јас не работам напорно, секојдневно за такви детски лекоумни работи”.

Момчето тивко заминало во својата соба и ја затворило вратата …

Жената седнала и почнала уште повеќе да се лути заради прашањето на малото момче. Како се осмелува да ми постави такво прашање само за да добие малку пари?

По некое време жената се смирила, и почнала да размислува:

Можеби има нешто што навистина му е потребно за тие 5 $, а и тој навистина не бара пари многу често. Тогаш таа отишла до вратата на собата на момчето и ја отворила.

МАЈКАТА: “Дали спиеш, сине?”

СИНОТ: “Не Мамо, буден сум.”

МАЈКАТА: “Размислував, можеби бев премногу строга кон тебе. Имав тежок ден и го искалив мојот бес врз тебе. Еве ги тие 5$, што ги побара”.

Момчето седнало, со насмевка на лицето. “О, ти благодарам мамо!” Потоа, посегнало под негова перница и извадило стуткани пари.

Жената кога видела дека момчето веќе има пари, почнала да се лути повторно.

Момчето полека ги изборило своите пари, а потоа погледнало нагоре кон неговата мајка.

МАЈКАТА: “Зошто сакаше повеќе пари, ако веќе ги имаш?”

СИНОТ: “Бидејќи немав доволно, но сега имам.”

“Мамо, сега имам 20$. Можам ли да купам еден час од твоето време? Те молам утре да дојдеш порано дома. Би сакал да вечераме заедно.”

Мајката била скршена. Таа го ставила рацете околу нејзиниот мал син, и го замолила за прошка.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ако сакаш

Добра ноќ. Ве сакам…