во , ,

Дали некогаш сте го виделе ли ликот на сопственичката на куќата каде живеат Том и Џери?

„Томас да не спиеш?“ – речиси сите се сеќаваме на познатата реченица на сопственичката на мачорот Том која му даде задача да ја чува куќата од глувци, откако тој поминал цела ноќ надвор со пријателите. Се прашувате ли како изгледа ликот на мистериозната сопственичка или имате забележано дека во една епизода се појавува?

Денешните деца растат со Пепа Прасе, Маша и Медо, Биби и Боби, а голем број генерации пораснаа со цртаниот филм Том и Џери. Со нетрпение ги очекувавме новите лудории на мачорот Том и неговиот вечен (не)пријател Џери.

Реклама

Дека Том и Џери е безвременски цртан филм укажува и фактот што голем број деца и денес сакаат да ги гледаат нивните лудории, постојаните брканици и местенки во домот на мистериозната сопственичка на куќата која речиси секогаш имаме можност да ја видиме од половината надолу.

Нема дете што барем еднаш не помислило кога еднаш ќе има можност да го види лицето на мистериозната сопственичка на куќата која речиси секогаш мораше да го расчистува хаосот што настануваше по лудориите на мачорот и глушецот, но и да го казни Томас заради лошото однесување.

Дали и вие со нетрпение очекувавте да видите како изгледа мистериозната сопственичка на куќата?

Интересно е што овој цртан лик е познат по името Мама Две чевли (Mаmmy Two Shoes), а нејзиниот лик бил вметнат во епизодата Saturday Evening Puss.

Погледнете кратко видео од епизодата каде накратко може да се види ликот на сопственичката на куќата:


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Дизајни кои го претвораат секој град во земја на чудата

Поминува Итар Пејо преку камен мост и го гледа Тарзан како се спрема на скокне во Вардар…