во ,

Двајца другари отишле на риболов. За цел ден уловиле само две рипки…

Двајца другари отишле на риболов. За цел ден уловиле само две рипки. Една мала и една голема. Дошло време да си одат и да поделат рибите. Помалиот вика:

– Ај ти подели ги, постар си.

– Не.На младите светот останува. Ти подели ги.

– Не,не. Ти си постар ти подели ги.

И така во недоглед се расправаат и едно време младиот вика:

– Добро,еве јас ќе ги поделам.

– Договорено, подели ги.

– Еве поголемата на мене, помалата на тебе..

– Е не си фер. Ти ја зема поголемата.

– Добро. Ти ако делеше, која риба ќе ја земеше?

– Па помалата.

– Па ете ти ја помалата. Џабе се лутиш.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ти си го правел, ти си го гледај!

Има осум деца, а кога позира со ќерките, никој на фотографијата не може да препознае која е мајката (ФОТО)