
Дневниот хороскоп за 11 февруари носи бавна енергија на работа, а во љубовта бара повеќе внимание и помалку забелешки.
Овен денот може да делува тешко и статично, па обврските ќе одат со мака, иако атмосферата на работа е коректна. Партнерот очекува повеќе грижа и присуство, па не оставате сè за „подоцна“.
Бик не е расположен за работа, но е расположен за шега и добра комуникација, а токму таквото расположение му го спасува денот. Во љубовта е мирно и топло, со шанса попладнето да се претвори во излегување или повеќе време заедно.
Близнаци се фаќаат за важни обврски баш кога никој нема елан, па најпаметно е да се вклопат во опуштениот ритам и да не форсираат. Односот со саканата личност е добар, но ситни примедби можат да направат непотребна напнатост.
Рак чувствува дека плановите се преголеми за еден ден, но сепак ќе се труди, а емотивно се провлекува чувство на повреденост бидејќи очекувал повеќе внимание од партнерот.
Лав нема голем фокус за работа, но има енергија за дружење и ќе внесе ведрина во околината, со што ќе биде во центарот на вниманието. Сепак, може ненамерно да направи грешка во однос со саканата личност, па денес вреди да се биде коректен и внимателен. Кај Девица обврската изгледа лесно на почеток, но ќе се покаже како крупен залак и ќе бара повеќе труд од очекуваното. Во љубовта, пак, се кројат големи планови со партнерот, а тоа е најсилниот импулс што го носи денот
Вага нема да биде задоволна што работите се одложуваат, но ќе мора да прифати дека денес не е ден за финале. Во исто време, некој на многу симпатичен начин флертува и тешко е да се глуми рамнодушност, па најдобро е да се опушти и да ужива.
Шкорпија ќе има повеќе планови отколку реализација и во еден момент ќе мора да пушти работите да одат по свој тек. Ако се инаети, лесно може да запали ситна расправија со партнерот и да создаде непотребна напнатост.
Стрелец релативно лесно ги решава ситните проблеми, затоа што околината има разбирање и сака да излезе во пресрет. Се најавува и помала добивка, а во љубовта, иако има нерешени работи, важно е средбата да не се претвори во терен за пресметки.
Јарец со право очекува помош и поддршка од луѓе на кои им излегол во пресрет во минатиот период. Денот носи добри контакти со спротивниот пол, па ако има симпатија, вреди да се засили комуникацијата.
Водолија неочекувани трошоци можат да го расипат расположението и ќе треба време да се фати работниот ритам. Но во љубовта партнерот носи убаво изненадување, па попладнето е идеално за опуштање и прифаќање внимание без сомнежи.
Риби имаат коректни односи на работа и лесно наоѓаат заеднички јазик со соработниците. Дури и ако нешто изгледа комплицирано, брзо се открива решение, но можно е саканата личност да нема доволно време, што бара трпение, а не драма

