
Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.
Астролог Олга Савиќ
СТРЕЛЕЦ
Чувствувате самодоверба и сигурни сте дека сте на вистинскиот пат по некои прашања. Свесни сте дека пред вас се големи промени и подготвено им излегувате во пресрет. Бившиот партнер сè поинтензивно испраќа сигнали дека сака обновување на комуникацијата.
РИБИ
Се чувствувате полетно и подготвено да одговорите на секој предизвик. Во работната средина правите добра атмосфера. Сепак, можни се тензија и разминување со пријател – нешто што ќе каже или направи би можело да ве повреди.
БЛИЗНАЦИ
Постојат добри можности за парични приливи. Посветеноста на работата е на високо ниво и не би требало да имате проблеми во овој сегмент. Односот со колегите е стабилен. Можно е ново познанство преку работа, но и за време на вечерните излегувања.
БИК
Низ разговори со деловните соработници можат да се отворат нови шанси. Од вас се очекува брза одлука, па бидете подготвени да реагирате. Нечие додворување го сметате за малку нападно, но не можете да негирате дека ви годи вниманието на таа личност.
ЈАРЕЦ
Можно е да сте им напорни на луѓето со кои доаѓате во контакт. Ублажете го ставот кон соработниците – понекогаш имаат чувство дека само ја критикувате нивната работа. Од вас зависи дали односот со партнерот ќе биде страстен или напнат.
ВАГА
Доаѓа до кулминација по некои прашања, но тоа кратко ќе трае – веднаш потоа влегувате во помирна фаза. Вториот дел од денот е многу поволен. Можете да добиете повик за дружење, излегување или љубовен состанок кој тешко ќе го одбиете.
ОВЕН
Случувањата на работа денес се забрзани, што не ви годи. Малку сте уморни и тешко го следите темпото што се бара од вас. Сè што се однесува на домот и семејството ви носи убави и релаксирачки моменти. Задоволство во кругот на најблиските.
ШКОРПИЈА
Имате чувство дека конечно привршувате некои ситуации. Вложувате голем труд, но ако соработниците не успеваат да ве следат, можете да бидете критични. Имате впечаток дека партнерот намерно „не ги слуша“ прашањата што се обидувате да ги покренете.
РАК
Многу сте фокусирани на работата, но и на обврските во рамките на домаќинството. Првиот дел од денот носи повеќе оптоварување, додека од попладне би требало да имате повеќе енергија. Можни се поситни недоразбирања со саканата личност.
ЛАВ
Иако и овој ден ќе биде полн со активности, тензијата што ја чувствувавте на работа и во контакт со соработниците сега попуштила. Главно функционирате во добар склад со другите. Повици за дружење или излегување стигнуваат од повеќе страни.
ДЕВИЦА
Во претпладневните часови морате да ги завршите обврските што сте ги започнале претходните денови. Не одложувајте, бидејќи подоцна може да ви биде тешко да завршите сè. Денес сте добро расположени и во контакт со спротивниот пол ги покажувате своите најдобри страни.
ВОДОЛИЈА
Иако сè уште не сте задоволни од начинот на који се одвива работата, јасно е дека работите полека доаѓаат на свое место. Повеќе ќе ви годи да се повлечете или да му се посветите на семејството, отколку да поминувате време во поголемо друштво.

