во ,

Дневникот на Трпана и Трпе…

Дневникот на Трпана​

Средата навечер ми изгледаше дека се однесува чудно.

Уште утрото се договоривме да се најдеме на пијалак. Цел ден го минав со пријателките на шопинг, па мислев дека е нервозен заради тоа што малку задоцнив, меѓутоа тој ништо не прокоментира. Разговорот некако не ни одеше, па му реков да се преместиме на некое потивко место каде што ќе може да зборуваме. Тој се согласи но остана тивок и отсутен.

Реклама

Го прашав што е проблемот, тој рече ништо.

Го прашав дали е моја грешка што е вознемирен. На пат кон дома, му кажав дека го сакам, тој едноставно се насмеа и продолжи да вози.Тој рече дека не е до мене и да не се грижам.

Не можам да го објаснам неговото однесување, не знам зошто не ми рече дека и тој ме сака.

Кога дојде дома се чувствував како да сум го изгубила, како да не сака да има ништо со мене.

Само седеше и гледаше во телевизорот, повторно целиот далечен и отсутен.Конечно решив да си легнам,околу 10 минути подоцна и тој дојде во кревет. На изненадување, тој реагираше на моите провокации и водевме љубов,меѓутоа се уште беше изгубен и со мислите на друго место.

Решив дека повеќе не можам да го толерирам и одлучив да го конфронтирам,но тој веќе беше заспан.

Почнав да плачам и плачев се додека не заспав.

Не знам што да правам, речиси сум сигурна дека неговите мисли се со некоја друга.

Мојот живот е катастрофа.​

Дневникот на Трпе​

Денес Барса испадна од Лигата на Шампиони.​


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Да видиш што сум открила, ја гледаш онаа коцка на ѕидот? Притисни ја. (се пали светло)…

Извинете, да не видовте еден мајмун како бега?