Доаѓа човек кај попот и почнува да му раскажува:
– Попе, јас многу пиев во животот. Секој ден пиев по едно литро ракија, десет пива и два литра вино.
– Ау, синко мој, чудо е што уште си жив. Ако се случи да умреш, сакаш ли да бидеш погребан или кремиран?
– Знаеш како, јас најмногу би сакал да бидам флаширан!