во ,

Докторе, веќе месец дена не можам да спијам. Секоја ноќ ми се причинува…

Кај психијатарот:

– Докторе, веќе месец дена не можам да спијам. Секоја ноќ ми се причинува како да има некој под креветот како во хорор филмовите.

Реклама

– Се лечи тоа, ама ќе трае подолго време и многу ќе те чини. Една сеанса чини 3000 денари, а ќе требаат барем 20 сеанси.

– Во ред. Кога да доаѓам на сеанси?

– Во понеделник и четврток.

Си отишол човекот, поминале недела, две, три и се сретнале со докторот на улица:

– Зошто не доаѓаш на сеанси за да те излекувам?

– Излегов од вашиот кабинет докторе, влегов во кафич и седнав на шанкот. Едно пиво, две, пет, му се пожалив на шанкерот, а тој како од топ “исечи ги ногарките на креветот за да не може никој да се скрие под него”. Еве сега си спијам нормално.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 Најлегендарни и најсмешни вицови за Чак Норис

Замисли комшија, овој Стојан кој живее над нас, во станот има кокошарник…