во , ,

Држава во која имате најмала шанса да почувствувате земјотрес или пак некоја друга природна катастрофа

Поради разорните земјотреси кои што се случија оваа година, многумина барем еднаш си помислија како би сакале да се преселат во земја каде што нема потресување на тлото.

Но, експертите тврдат дека потресот може да се случи било каде. Шансите за него најголеми се во подрачјата на Јапонија, Филипините или пак Индија.

Но, знаете ли во која земја постои најмала шанса за земјотрес? Во Катар. Таа држава на Арапскиот полуостров според овогодишниот извештај на „WorldRiskIndex“ се наоѓа на првото место – како најсигурна земја во светот од природни катастрофи со вредносен индекс од 0.31.

Со други зборови, во Катар имате најмала шанса да доживеете земјотрес, поплава, ерупција на вулкан и други елементарни непогоди.

Но, тоа не значи дека никогаш не можат да се случат истите во таа земја. Сеизмолошката служба на Доха оваа година забележала земјотрес од 5.7 степени по Рихтер со епицентар во југозападен Иран, а кој и тоа како се почувствувал во Катар.

Во овогодишниот извештај на „WorldRiskIndex“ биле опфатени 181 земја од светот, а анализирани биле опасности од земјотреси, ерупции на вулкани, невремиња, поплави, суши, подигнување на нивото на морето.

По Катар, најсигурно место на светот од природни катастрофи е Малта со индекс 0.66.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнете како се прави журка на Сибир: Во костими за капење на -39°C

50+ Неверојатни и смешни новогодишни ситуации