во ,

Еве што можете да купите за само 50 денари, низ целиот свет

Подгответе се: ќе патуваме низ светот без да ги напуштиме своите домови. Наш предизвик беше да најдеме сè што овие места можат да ни дадат за само 1 долар (52 денари) и има прилично интересни работи во зависност од тоа за која земја се работи. Секако има пример и за Македонија, а вие додадете и ваши во коментарите!

1. Филипини

Ако сте уморни по долго патување на Филипини, масажата на нозете е сè што ви треба. Може да направите 20-минутна масажа во Цебу.

Реклама

2. Истанбул

Ако одите во Истанбул, треба да го пробате нивниот традиционален турски чај. Тоа е најконсумираниот топол напиток во оваа земја и може да најдете многу верзии за помалку од еден долар.

3. Виетнам

Овие конусни капи се познати како „nón lá“ и се направени од слама.

4. Германија

Не е лесно да се најдат работи за помалку од 1 долар во Европа, но ако одеднаш сфатите дека сте ги заборавиле тампоните за уши можете да си купите за 50 денари.

5. Малезија

За да заштедите простор во вашиот багаж, добар совет е да носите помалку облека и да најдете услуга за перење алишта во близина на вашата дестинација. Во Куала Лумпур, можете да ја исперете облеката за многу ниска цена.

6. Индија

Одличен начин да се движите додека патувате е да користите јавен превоз бидејќи можете да посетите неколку места на најекономичен начин. Во Индија, минималната цена за купување билет за метро е 10 рупии, што е еквивалентно на 13 центи, па затоа бирајте метро додека има евтин начин за движење.

7. Венецуела

Венецуела има најевтини цени на бензинот во светот, чинат 20 центи за литар. Значи, ако планирате патување во оваа земја, полнењето на резервоарот на вашиот автомобил со 5 литри бензин ќе биде прилично прифатливо.

8. Јужна Кореја

Наш совет за вас е да ги пронајдете машините за караоке со парички и да пеете 2 песни за 1 долар.

9. Португалија

Врската помеѓу Португалците и кафето започна во XVIII век и сега е невозможно да се излезе на улиците на Португалија без да се види еден или повеќе луѓе да го пијат овој прекрасен пијалок. Ако наидете на кафуле, не двоумете се да застанете и пробајте го овој топол напиток.

10. Хрватска

Хрватска го има најдобриот сладолед на светот и вреди да се обиде, дури и ако одите таму во зима. Може да најдете мали продавници кои продаваат лажичка сладолед за 6 куни, или 94 центи.

11. Унгарија

Да се најде место за паркирање што не чини цело богатство може да биде тешко на многу места, но во Будимпешта е можно да го паркирате вашиот автомобил до 4 часа.

12. Сингапур

Постојат многу опции за избор на јавен базен особено ако не сакате да плаќате многу.

13. Швајцарија

Швајцарија не е земја позната по своите евтини цени, но убаво е да се знае дека со само 1 долар, нема да умрете од жед додека сте таму.

14. Бразил

Доколку не сакате да шетате со ранецот додека сте во Бразил, можете да си изнајмите шкафче на автобуска станица за цел ден.

15. Тајланд

Секогаш е добро да имате припејд картичка за мобилен телефон кога патувате, а во Тајланд ова може да биде прилично евтино.

Бонус: Македонија

За туристите од странство Македонија е прилично евтина земја. Тука за 1 долар или околу 50 денари можат да си платат гратски превоз во еден правец, да си купат нешто за јадење (кифли, бурек), да купат лименка пиво или сок и слично.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

22 Професионални мачки – крадци фатени на дело

Брачниот живот е полн со предизвици, но за овие никој не ве подготвува…