во ,

Еден маж решил да оди на риба преку зимата, со шишенце ракиичка, како што е ред…

Еден маж решил да оди на риба преку зимата, со шишенце ракиичка, како што е ред. Отишол и почнал да прави дупка во мразот. По некое време слуша некој силен глас со ехо, како од небото:

– Тука нема риба!

Реклама

Мажот малку се подзамизлил, отишол на друго место и пак почнал да копа дупка во мразот. Одеднаш пак се слуша истиот моќен глас:

– Тука нема риба!

Мажот и трет пат се преместил и пак се слушнал истиот глас:

– Тука нема риба!!!

Тогаш мажот погледнал кон небото и прашал:

– Абе кој си ти?!!!

Гласот одговорил:

– Директорот на лизгалиштето.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тања, касни едно парче од тортата…

Душо, каде одиш?