во ,

Еден човек влегува во супер High-Tech бар и гледа дека зад шанкот стои робот, наместо шанкер…

Еден човек влегува во супер High-Tech бар и гледа дека зад шанкот стои робот, наместо шанкер. Човекот оди до барот, а роботот го прашува:

– Колку е вашето IQ?

Човекот одговара:

Реклама

– 150.

Роботот веднаш го послужува со 16-годишно виски и започнува разговор за глобалното затоплување, влијанието на околината, квантната механика, нанотехнологијата и др.

Човекот е многу импресиониран од вечерта и затоа другата вечер решава да го тестира роботот.

Кога роботот го прашува за неговото IQ, тој вели 80. Веднаш роботот му служи пиво и му зборува за фудбал, омилени јадења, жени и сл.

Уште повеќе заинтригиран, човекот повторно се враќа следната вечер. Роботот го прашува:

– Колку е вашето IQ?

Човекот одговара:

– Паа? околу 15.

Тогаш роботот му сервира еден голем чоколаден сладолед и го прашува:

– И, брат, што велиш, пак за СДСМ или ВМРО ќе гласаме, а?


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Детални хорор илустрации кои колку повеќе ги гледате, толку пострашни стануваат

Ќе ти исполнам три желби ако ме пуштиш. Која ти е првата?